БАЈДЕН ГИ ПРЕИНАЧИ РЕЧИСИ СИТЕ ФЕДЕРАЛНИ СМРТНИ КАЗНИ ВО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

    БАЈДЕН ГИ ПРЕИНАЧИ РЕЧИСИ СИТЕ ФЕДЕРАЛНИ СМРТНИ КАЗНИ ВО ДОЖИВОТЕН ЗАТВОРАктуелниот претседател е гласен противник на смртната казна (Фото: АП)

    Џо Бајден преиначи 37 од 40 федерални смртни казни, заменувајќи ги со доживотен затвор без можност за помилување. Меѓу трите исклучоци се бомбашот од Бостонскиот маратон и мажот кој уби 11 еврејски верници во 2018.

    Поубеден сум од кога било дека мора да престанеме да ја користиме смртната казна на федерално ниво“, кажа Бајден.

    Мерката не се однесува на повеќе од 2.000 осуденици на смртна казна изречена од сојузните држави.

    Бајден ја донесе одлуката на еден месец пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, во чиј прв мандат се продолжи со федералните егзекуции по цели 17 години пауза. Актуелниот претседател е гласен противник на смртната казна и министерството за правда воведе мораториум на нејзиното извршување на федерално ниво откако тој дојде во Белата куќа.

    Според американските закони, Трамп нема да може да ја поништи одлуката на Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира