БАЈДЕН ИСПРАЌА УШТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА, НО НЕМА ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА

    БАЈДЕН ИСПРАЌА УШТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА, НО НЕМА ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНАПутин ги обвини САД дека се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна со Украина (Фото: АП)

    САД ќе испратат дополнителни трупи во Европа оваа недела поради стравот од можна руска инвазија на Украина, кажа Белата куќа. Околу 2.000 војници стационирани во Северна Каролина ќе бидат распоредени во Полска, а илјада војници кои се веќе во Германија ќе бидат испратени во Романија.

    Москва постојано негира дека планира да ја нападне Украина, иако во изминатиот период распореди 100.000 војници покрај границата. Според украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, бројот на руските војници сè уште не е доволно голем за инвазија, додавајќи дека таа може да се избегне со помош на дипломатијата.

    Војниците што ги распоредуваат САД нема да се борат во Украина, туку имаат за цел да ја зајакнат одбраната на американските сојузници. Пентагон претходно стави 8.500 војници во состојба на подготвеност кои по потреба би биле распоредени во Европа.

    „Важно е да испратиме силен сигнал до Путин и светот дека НАТО им значи на САД и на нашите сојузници“, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

    Путин вчера ги обвини САД дека се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна со Украина, која ја користат како алатка за воведување нови санкции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира