БАЈДЕН ЌЕ НАРЕДИ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ РЕЗЕРВИ НАФТА ДОСЕГА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ГОРИВОТО

    БАЈДЕН ЌЕ НАРЕДИ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ РЕЗЕРВИ НАФТА ДОСЕГА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЦЕНАТА НА ГОРИВОТОВо изминатите месеци, Бајден веќе двапати нареди да се ослободат федерални резерви (Фото: АП)

    Администрацијата на Џо Бајден планира ослободување на 180 милиони барели нафта од Стратешките резерви (СПР) во наредните месеци, додека се обидува да ги намали цените на горивото. Ова количество е еднакво на дводневната глобална побарувачка и би било најголемото ослободување во речиси 50-годишната историја на СПР.

    Во изминатите шест месеци, САД веќе двапати посегнаа по своите резерви нафта.

    Членките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ќе се состанат утре за да одлучат за колективно ослободување нафта, со цел да се скроти растот на цените на суровата нафта, кои го достигнаа највисокото ниво во последните 14 години како резултат на руската инвазија на Украина.

    Од Белата куќа кажаа дека Бајден денеска ќе потпише наредба за ослободување на најмногу еден милион барели нафта дневно од федералните резерви.

    Популарноста на Бајден опадна откако инфлацијата во САД го достигна највисокото ниво во последните 40 години во февруари. Суровата нафта вчера чинеше 105 долари за барел, додека пред една година беше 60 долари.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира