БАЈДЕН ПОСТАВИ НОВА ЦЕЛ ДО 4 ЈУЛИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ 70% ОД ВОЗРАСНИТЕ ЖИТЕЛИ НА САД

    БАЈДЕН ПОСТАВИ НОВА ЦЕЛ ДО 4 ЈУЛИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ 70% ОД ВОЗРАСНИТЕ ЖИТЕЛИ НА САДБајден сака Денот на независноста да се прослави и како ден на независност од вирусот (Фото: АП)

    Џо Бајден постави нова цел за својата администрација, откако 200 милиони луѓе беа вакцинирани против ковид-19 во првите 100 дена од неговиот мандат во Белата куќа. Тој сака 70% од возрасното население на САД да прими најмалку една доза до 4 јули, кога се одбележува Денот на независноста, а 160 милиони луѓе да бидат целосно вакцинирани.

    „Се разбира, Американците ќе можат да се вакцинираат и после 4 јули, но никој не би требало да чека. Ајде да се обидеме да ги достигнеме тие 70% до тој ден. Тоа е уште една огромна цел“, кажа Бајден.

    Тој додаде дека Денот на независноста може да се прослави и како ден кога Американците се ослободиле од вирусот.

    „Имаме доволно вакцини. Вакцинирајте се! За два месеца да ги прославиме нашата независност како нација и нашата независност од вирусот“.

    До денеска, над 105 милиони Американци целосно се вакцинирале, а уште 147 милиони примиле барем една доза. Над 40% од возрасното население е целосно вакцинирано.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира