БАЈДЕН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ЗАПРЕ СЕВЕРЕН ТЕК 2 АКО РУСИЈА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА, МАКРОН СМЕТА ДЕКА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ СЕ КЛУЧНИ

    БАЈДЕН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГО ЗАПРЕ СЕВЕРЕН ТЕК 2 АКО РУСИЈА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА, МАКРОН СМЕТА ДЕКА СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ СЕ КЛУЧНИБајден го нагости германскиот канцелар Шолц, кој во следниот период ќе ги посети Москва и Киев (Фото: АП)

    Џо Бајден се закани дека ќе го блокира гасоводот Северен тек 2 ако Русија ја нападне Украина, додека Владимир Путин одговори дека САД и нивните сојузници се единствените кои зборуваат за инвазија.

    Дипломатските напори да се смири кризата околу Украина вчера се одвиваа на два континента, при што Емануел Макрон имаше речиси шестчасовна средба со Путин во Москва, а Бајден во Вашингтон го нагости германскиот канцелар Олаф Шолц.

    „Ако Русија изврши инвазија, односно ако нејзините тенкови и војници повторно влезат во Украина, веќе нема да го има Северен тек 2. Ќе ставиме крај на тоа. Сите во НАТО сме подготвени“, кажа Бајден за гасоводот чија изградба е завршена, но сè уште не е во функција откако во ноември не доби дозвола од германските регулатори.

    Бајден не појасни на кој начин ќе му наштети на гасоводот, кој е од големо економско значење за Русија, но и за Германија.

    „Неопходно е Русија да разбере дека може да се случат многу работи што таа не ги пресметала“, изјави Шолц.

    Макрон кажа дека следните денови ќе бидат клучни за деескалација на кризата, што ќе бара интензивни разговори.

    „Некои од предлозите на Макрон би можеле да бидат основа за идни заеднички чекори, но сè уште е рано да се зборува за тоа“, изјави Путин, додавајќи дека повторно ќе разговара со францускиот претседател по неговата денешна посета на Киев.

    Путин уште еднаш предупреди дека ако Украина се придружи на НАТО и потоа се обиде со сила да го поврати полуостровот Крим, тоа би можело да ја вовлече Европа во голем воен конфликт.

    „Дали сакате Франција да војува со Русија? Зашто тоа ќе се случи и нема да има победници. Ние сме категорично против натамошното ширење на НАТО кон исток, зашто тоа претставува закана за нас“, им кажа Путин на француските новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира