БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА САД НЕМА ДА УЧЕСТВУВААТ ВО НИКАКВИ ОФАНЗИВНИ ОПЕРАЦИИ ПРОТИВ ИРАН

    БАЈДЕН ВЕЛИ ДЕКА САД НЕМА ДА УЧЕСТВУВААТ ВО НИКАКВИ ОФАНЗИВНИ ОПЕРАЦИИ ПРОТИВ ИРАНИзраел кажа дека 99% од лансираните дронови и проектили биле соборени (Фото: АП)

    Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во никакви офанзивни операции против Иран, додавајќи дека не сакаат конфликт со него.

    Ова следува откако САД му помогнаа на Израел да се одбрани од досега невидениот напад од Иран, во кој ноќеска биле лансирани околу 300 дронови и крстосувачки и балистички проектили. Речиси сите биле пресретнати и била причинета само мала штета во една воздушна база во јужен Израел.

    Само неколку проектили паднаа на територијата на Израел“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.

    Израелски функционер изјави за „Њујорк тајмс“ дека секој одговор на Израел ќе биде во координација со сојузниците.

    Ова не е готово. Мора да останеме будни и претпазливи и да бидеме спремни на секое сценарио“, кажа израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

    Иран предупреди дека ќе има уште поголем напад ако Израел одлучи да се одмазди.

    Нашиот одговор ќе биде уште поголем од ноќешната воена акција ако Израел му се одмазди на Иран. Го предупредуваме и Вашингтон дека американските бази ќе станат мета ако на каков било начин ја поддржи израелската одмазда“, изјави шефот на иранската војска Мохамад Багери.

    Израелската војска кажа дека тесно соработувала со САД, Велика Британија и Франција за време на ноќешниот петчасовен напад, кој уследи две недели по бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск, за кој беше обвинет Израел. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека ќе се консултираат со сојузниците во регионот и светот во следните часови и денови.

    Не бараме ескалација, но ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на Израел“, изјави Блинкен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира