БАНКИТЕ ВО ЕВРОПА И САД ПРЕДУПРЕДЕНИ ДА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА РУСКИ САЈБЕРНАПАДИ ВО СЛУЧАЈ НА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА

    БАНКИТЕ ВО ЕВРОПА И САД ПРЕДУПРЕДЕНИ ДА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА РУСКИ САЈБЕРНАПАДИ ВО СЛУЧАЈ НА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНАВо почетокот на годината, повеќе украински владини сајтови беа цел на хакерски напад (Фото: Гети)

    Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди банките да бидат подготвени за можни руски сајбернапади, додека се зголемуваат тензиите околу Украина. Спорот помеѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери, кои стравуваат дека инвазија ќе му нанесе штета на целиот регион.

    Францускиот претседател Макрон во изминатите два дена ги посети Москва и Киев, во обид да се постави како посредник во решавањето на кризата. Тој кажа дека Путин му дал гаранции дека нема да ја влошува ситуацијата на границата, што Кремљ го демантираше.

    „Европската централна банка досега се фокусираше на обични измами, чиј број се зголеми за време на пандемијата, но украинската криза го сврте вниманието кон сајбернапади лансирани од Русија. Банките водат сајбер воени игри за да ја тестираат својата способност за одбрана од такви напади“, изјави извор од банката.

    ЕЦБ не ги коментираше овие наводи.

    И њујоршкиот Оддел за финансиски услуги издаде предупредување до финансиските установи во јануари дека би можеле да бидат цел на одмазднички сајбернапади во случај на руска инвазија на Украина.

    Во почетокот на годината, повеќе украински владини сајтови беа цел на хакерски напад, при што беше оставена порака до Украинците да се плашат од најлошото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира