БАРСЕЛОНА ДО 2028 ЌЕ ЗАБРАНИ ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ ЗА ТУРИСТИ ЗА ДА ГИ УРНЕ ЦЕНИТЕ ЗА КИРИЈА

    БАРСЕЛОНА ДО 2028 ЌЕ ЗАБРАНИ ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ ЗА ТУРИСТИ ЗА ДА ГИ УРНЕ ЦЕНИТЕ ЗА КИРИЈАБарселона ќе ги укине лиценците на 10.101 стан што моментално се одобрени како станови за краток престој. (Фото: СДК.МК)

    Барселона објави дека ќе забрани изнајмување станови за туристи до 2028, што се смета за неочекувано драстичен потег бидејќи властите се обидуваат да ги намалат високите трошоци за домување и да го направат градот погоден за живеење.

    Левичарскиот градоначалник Хауме Колбони, рече дека до ноември 2028 , Барселона ќе ги укине лиценците на 10.101 стан што моментално се одобрени како станови за краток престој.

    „Овае е најголем проблем на Барселона“, рече Колбони на настан на градската власт.

    Бумот на краткорочните изнајмувања во Барселона, најпосетуваниот шпански град од странски туристи, значи дека некои жители не можат да си дозволат стан откако кириите се зголемија за 68% во изминатите 10 години, а трошоците за купување куќа се зголемија за 38%, рече Колбони.

    „Пристапот до домување стана двигател на нееднаквоста, особено за младите луѓе“, додаде тој.

    Шпанија е рангирана меѓу првите три најпосетувани земји во светот. Локалните власти најавија ограничувања за краткорочно изнајмување на места како што се Канарските Острови во Шпанија, Лисабон во Португалија и Берлин во Германија. во изминатата деценија.

    Социјалистичката министерка за домување на Шпанија, Изабел Родригез, рече дека ја поддржува одлуката на Барселона.

    „Станува збор за преземање на сите неопходни мерки за да се гарантира пристап до прифатливи станови“, објави таа на Икс.

    „Колбони прави грешка што ќе доведе до поголема сиромаштија и невработеност“, се вели во соопштението на Асоцијацијата за туристички апартмани на Барселона АПАРТУР, додавајќи дека забраната ќе предизвика пораст на нелегалните туристички апартмани.

    Хотелите ќе имаат корист од овој потег. Отворањето нови хотели во најпопуларните области во градот беше забрането од екстремно левичарската партија која управуваше со Барселона помеѓу 2015 и 2023 , но Колбони со новата одлука даде знак дека може да го ублажи ограничувањето.

    Хотелската асоцијација на Барселона одби да го коментира соопштението.

    „Овие 10.000 станови ќе ги користат жителите на градот или ќе излезат на пазарот за изнајмување или продажба“, рече Колбони за мерката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира