„БАТАКЛАН“ ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО ОТВОРЕН СО КОНЦЕРТ НА СТИНГ ЕДНА ГОДИНА ПО МАСАКРОТ ВО ПАРИЗ

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Париз,(ДПА)

    „БАТАКЛАН“ ЌЕ БИДЕ ПОВТОРНО ОТВОРЕН СО КОНЦЕРТ НА СТИНГ ЕДНА ГОДИНА ПО МАСАКРОТ ВО ПАРИЗ

    Една година по смртоносниот терористички напад во салата за концерти „Батаклан“ во Париз, во кој загинаа 90 луѓе, британскиот пејач Стинг вечерва ќе има концерт на повторното отворање на местото.

    Во публиката се очекува да има преживеани и роднини на тие што загинаа во нападот на тројца членови на Исламска држава за време на концертот на американскиот рок бенд „Иглс оф дет метал“ на 13 ноември минатата година.

    „Батаклан“ беше реновиран изминатите месеци и повторното отворање на првата годишнина од нападите треба да служи како сигнал, кажа Стинг.

    „Со повторното отворање на ‘Батаклан’, имаме две работи да завршиме. Првон, да се сетиме и да им оддадеме почит на оние што ги загубија животите во нападот пред една година и второт, да го славиме животот и музиката што ги претставува оваа историска сала“, рече Стинг.

    Вкупно 130 луѓе загинаа низ Париз вечерта на 13 ноември минатата година во серија координирани напади. За утре се закажани неколку активности на местата нападите во Париз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира