БЕЛАТА КУЌА НЕГИРАШЕ ДЕКА БАЈДЕН ИМА ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ

    БЕЛАТА КУЌА НЕГИРАШЕ ДЕКА БАЈДЕН ИМА ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТБајден ги повика сопартијците или да го предизвикаат или да се обединат зад неговата кандидатура (Фото: АП)

    Белата куќа ја бранеше менталната способност на Џо Бајден, додека се зголемува притисокот врз него да се повлече од претседателската трка. Бајден порача дека нема да се повлече и ги повика сопартијците кои се сомневаат во него или да го предизвикаат или да се обединат зад неговата кандидатура.

    Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, ги негираше шпекулациите на некои медиуми дека Бајден има Паркинсонова болест.

    Не, претседателот не се лекува од Паркинсоновата болест“, изјави Жан-Пјер.

    Таа реагираше по написите во „Њујорк тајмс“ дека експерт за оваа болест ја посетил Белата куќа осум пати минатата година. Лекарскиот тим на Бајден дополнително објави дека лекарот за кој станува збор е неврологот Кевин Канард, кој е ангажиран како консултант во Белата куќа од 2012.

    Личниот лекар на претседателот на САД, Кевин О‘Конор, изјави дека Бајден не бил кај невролог надвор од редовните годишни лекарски прегледи.

    Последниот преглед на претседателот во февруари беше многу детален и притоа не беа пронајдени траги на никакви мозочни и невролошки нарушувања“, кажа О‘Конор.

    Во отворено писмо до демократите во Конгресот, Бајден кажа дека не би се кандидирал повторно ако не бил уверен дека може да го победи Доналд Трамп на изборите во ноември.

    Демократските гласачи на предизборите јасно и одлучно кажаа кој треба да биде кандидат на партијата“, кажа Бајден.

    Меѓу оние кои јавно го повикаа Бајден да се повлече се и неколкумина демократи во Претставничкиот дом.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира