БЕЛАТА КУЌА ПРЕДУПРЕДИ НА НОВИ НАПАДИ ПРОТИВ АСАД И ПОКРАЈ РУСКОТО ПРОТИВЕЊЕ

    БЕЛАТА КУЌА ПРЕДУПРЕДИ НА НОВИ НАПАДИ ПРОТИВ АСАД И ПОКРАЈ РУСКОТО ПРОТИВЕЊЕАдминистрацијата на Доналд Трамп сигнализираше поостар пристап кон ал-Асад, нагласувајќи дека САД не гледа иднина за сирискиот лидер, откако претходно изгледаше дека се повлекува од ставот на администрацијата на Обама дека тој мора да си оди. (Фото: ДПА)

    Белата куќа кажа дека останува отворена за понатамошна воена акција во Сирија откако минатата недела бомбардираше сириски аеродром поради употреба на хемиско оружје и сигнализираше можна промена на ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со сирискиот претседател Башар ал-Асад.
    „Глетката како како луѓе се гушат и се разнесени од буре бомби сигурно ќе значи дека ако повторно видиме вакви дејствија, ја оставаме отворена можноста за идна акција“, кажа вчера портпаролот Шон Спајсер.
    Американскиот удар на сирискиот воен аеродром во петокот ги зголеми тензиите со Русија, која заедно со Иран го осуди ракетниот напад на САД.

    Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон неделава во Москва ќе дискутира со домаќините за руската поддршка за режимот на ал-Асад и вели дека ќе ги потсети на обврските што ги презеле и обврските што ги презела Сирија, додаде Спајсер, нагласувајќи дека меѓународната заедница е јасно на страната на САД.
    САД го изврши ракетниот напад врз воениот аеродром од каде наводно полетал авионот што пушти нервен гас на цивили. Русија и сириската влада ги обвинија бунтовниците за нападот со хемиско оружје.
    Белата куќа тврди дека нападот бил успешен, иако сириски авиони полетаа од аеродромот само неколку часа по бомбардирањето и го нарече потегот „Пи-Ар трик“, бидејќи биле користени авиони, претходно наполнети со гориво.

    „Таквите агресивни акции против суверени и независни држави се грубо нарушување на меѓународното право“, соопшти руското министерство за надворешни работи, пренесувајќи го телефонскиот разговор меѓу првите дипломати на Иран и Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира