Белата куќа се обидела да ги прикрие сите детали од телефонскиот разговор помеѓу Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, стои во жалбата што ја поднесол свиркач од разузнавачките кругови.
Во разговорот од 25 јули, Трамп вршел притисок врз Зеленски да почне истрага против демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, заканувајќи се дека ќе ја стопира американската воена помош за Украина, вредна 400 милиони долари.
Од жалбата на свиркачот се дознава дека транскриптот од разговорот не бил складиран во вообичаен компјутерски систем, туку во посебен систем, каде што се чуваат доверливи информации.
Скандалот со Украина ги предизвика демократите да покренат истрага за отповикување на Трамп, кој тврди дека ова е лов на вештерки.
Тој призна дека ја блокирал воената помош за Украина неколку дена пред да зборува со Зеленски, но негираше дека вршел притисок врз него да почне истрага за Бајден и неговиот син Хантер.
Свиркачот во својата жалба го обвинува Трамп дека „ја користел својата моќ за да предизвика мешање на странска земја во изборите во 2020“. Тој додава дека неколку високи функционери од Белата куќа интервенирале да се заташкаат сите податоци од телефонскиот разговор.