БЕЛГИЈА БЕЗ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 ЗА ПРВПАТ ОД 10 МАРТ

    БЕЛГИЈА БЕЗ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД КОВИД-19 ЗА ПРВПАТ ОД 10 МАРТПо Сан Марино, Белгија има најмногу мртви од ковид-19 на милион жители (Фото: Ројтерс)

    Белгија, која беше една од најтешко погодените средно големи држави на светот, објави дека во изминатите 24 часа немала ниеден смртен случај од ковид-19, што за последен пат е забележано на 10 март.

    Како и повеќето европски држави кои беа силно погодени од пандемијата во март и април, и Белгија значително го запре ширењето на коронавирусот воведувајќи карантин, но рестриктивните мерки сега главно се укинати.

    Официјалниот трагичен биланс изнесува 9.787 починати, што во земјата со 11,5 милиони жители значи околу 850 жртви на еден милион луѓе. На светско ниво полош просек има само малата држава Сан Марино. Врвот беше достигнат на 12 април, кога имаше 343 починати.

    Од почетокот на кризата во Белгија има 62.781 заразен, а дневниот просек на нови случаи во изминатите седум дена е 95.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира