БЕЛГИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА НОВИОТ ЈУЖНОАФРИКАНСКИ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЕВРОПА

    БЕЛГИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СЛУЧАЈ НА НОВИОТ ЈУЖНОАФРИКАНСКИ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЕВРОПАНовата варијанта првпат беше идентификувана во почетокот на оваа недела (Фото: АП)

    Првиот случај на новиот јужноафрикански сој на коронавирусот во Европа е потврден во Белгија. Властите кажаа дека станува збор за млада невакцинирана жена која развила симптоми слични на грип 11 дена откако патувала во Египет преку Турција.

    Пациентката немала никакви врски со Јужна Африка или соседните земји, со кои Велика Британија, Израел и Јапонија веќе ги прекинаа авионските линии, а од денеска истото ќе го направи и Европска Унија.

    Научниците сѐ уште не знаат многу за новата варијанта, која првпат беше идентификувана во почетокот на оваа недела во една провинција во Јужна Африка и се карактеризира со тоа што е силно мутирана. Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија кажа дека варијантата наречена Б.1.1.529 има шилест протеин кој драматично се разликува од оној во оригиналниот коронавирус врз кој се засновани постојните вакцини против ковид-19.

    „Вирусот се шири со голема брзина во делови од Јужна Африка“, изјави Тулио де Оливеира, директорот на тамошниот Центар за одговор на епидемии.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира