БЕЛГИЈА ОДИ ВО НОВ НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ДО СРЕДИНА НА ДЕКЕМВРИ

    БЕЛГИЈА ОДИ ВО НОВ НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ДО СРЕДИНА НА ДЕКЕМВРИБелгија е земја со највисока стапка на зараза со коронавирус во Европа (Фото: Гети)

    Белгија објави дека се враќа во национален карантин додека последните бројки покажуваат дека има највисока стапка на зараза со коронавирус во Европа.

    Сите несуштински продавници и бизниси кои нудат лични услуги, како фризерски салони, ќе бидат затворени од понеделник до средина на декември. Собирите на јавни простори ќе бидат ограничени на најмногу четири луѓе. Супермаркетите ќе смеат да продаваат само суштински производи, а домаќинствата ќе можат да примаат само еден гостин. Есенскиот распуст за учениците се продолжува до 15 ноември.

    На сила останува општата забрана за движење во ноќните часови, а баровите и рестораните и натаму ќе бидат затворени.

    „Земјата се наоѓа во здравствена вонредна ситуација. Притисокот врз болниците е огромен. Ова се крајни мерки за бројките да не продолжат да растат“, изјави премиерот Александер де Кро.

    Во изминатите 14 дена, Белгија има стапка од 1.600 заразени и 8,4 смртни случаи од ковид-19 на 100.000 жители.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира