БЕЛГИСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА ДОДЕКА ЗЕМЈАТА СЕ СООЧУВА СО ТЕЖОК ВТОР БРАН НА КОВИД-19

    БЕЛГИСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА ДОДЕКА ЗЕМЈАТА СЕ СООЧУВА СО ТЕЖОК ВТОР БРАН НА КОВИД-19Софи Вилмес беше премиерка за време на првиот бран на ширењето на заразата (Фото: ЕПА)

    Софи Вилмес, која ја водеше Белгија како привремена премиерка за време на првиот бран на ширењето на коронавирусот, е примена на интензивна нега со симптоми на ковид-19. Вилмес (45), која сега е министерка за надворешни работи, имаше позитивен тест за коронавирус минатата недела и оттогаш беше во самоизолација.

    „Таа е свесна и комуникативна“, изјави портпаролката на владата, додека друг извор кажа дека нејзината состојба е стабилна.

    Александер де Кро ја наследи Вилмес на премиерската позиција на 1 октомври откако Белгија конечно доби влада.

    „Никој не е имун на овој опасен вирус. Само заедно можеме да го победиме ковид-19“, кажа Де Кро.

    Белгија се соочува со тежок втор бран на коронавирус и во земјата со 11,5 милиони жители веќе има 10.539 починати. Бројот на заразените се удвои за еден месец и сега изнесува речиси 255.000, при што се хоспитализирани 3.274 лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира