БЕЛОРУСКАТА ОПОЗИЦИОНЕРКА КОЛЕСНИКОВА ПРИВЕДЕНА НА ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА ДЕН ОТКАКО ИСЧЕЗНА

    БЕЛОРУСКАТА ОПОЗИЦИОНЕРКА КОЛЕСНИКОВА ПРИВЕДЕНА НА ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА ДЕН ОТКАКО ИСЧЕЗНАКолесникова вчера наводно била киднапирана од двајца маскирани мажи на улица во Минск (Фото: Гети)

    Една од водечките белоруски опозиционерки Марија Колесникова е приведена на границата со Украина, ден откако исчезна во Минск.

    Белоруските власти кажаа дека таа требало да ја помине границата во утринските часови, но била задржана и приведена. Украинската страна потврди дека само двајца нејзини соработници ја поминале границата.

    Белоруски медиуми вчера објавија дека Колесникова била киднапирана од двајца маскирани мажи на улица во Минск, по што била ставена во минибус.

    „Таа пристигна на границата со уште две лица во БМВ. Возилото потоа нагло забрза, по што Колесникова излезе надвор и почна да се движи кон Украина“, кажа официјално лице од белоруската гранична контрола.

    Колесникова наводно одбила да премине во Украина, при што го скинала својот пасош.

    Колесникова, која неодамна најави дека ќе формира нова политичка партија, е последната од трите жени кои се здружија против претседателот Лукашенко која остана во земјата, откако Вероника Цепкало и претседателската кандидатка Светлана Тихановскаја избегаа во странство по изборите. Владата покрена криминален случај против лидерите на опозицијата, обвинувајќи ги дека сакале да ја преземат власта и ја загрозиле безбедноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира