БЕЛОРУСКИ АВИОН ПОВЕЌЕ ОД ДВА ЧАСА КРУЖЕШЕ ВО ВОЗДУХОТ ПОРАДИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

    БЕЛОРУСКИ АВИОН ПОВЕЌЕ ОД ДВА ЧАСА КРУЖЕШЕ ВО ВОЗДУХОТ ПОРАДИ ЗАБРАНАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУАвионот не ни стигнал до воздушниот простор на Полска, кога почнал да кружи над Белорусија (Фото: Flightradar24)

    Авион на белоруската национална авиокомпанија „Белавија“ повеќе од два часа кружеше во воздушниот простор на земјата пред  локалните воздухопловни власти да му дозволат да си се врати во Минск, откако Европската Унија ги забрани сите прелети од Белорусија. Тоа е дел од санкциите со кои Брисел ја казнува Белорусија за неодамнешното присилно приземјување на авион на „Рајанер“, со кој леташе опозицискиот новинар Роман Протасевич, кој потоа беше уапсен на аеродромот во Минск.

    Авионот на „Белавија“ требало да лета за Барселона, но како што покажува графиката на сајтот flightradar24, не ни стигнал до воздушниот простор на Полска, кога почнал да кружи над Белорусија. Тоа траело повеќе од два часа, пред конечно да се упати назад кон аеродромот во Минск.

    Западните земји ја обвинија Белорусија дека го киднапирала авионот кој во неделата леташе од Атина за Вилнус помеѓу две земји членки на Шенген зоната, во кој меѓу 126-те патници беа и Протасевич и неговата девојка. Авионот беше пренасочен и приземјен поради наводна закана дека во него има бомба. Брисел на ова реагираше со нови санкции, па им забрани на белоруските авиокомпании да летаат кон ЕУ. Ваква одлука донесе и Велика Британија.

    Во исто време, голем број авиокомпании од Европа и светот објавија дека ќе го избегнуваат воздушниот простор на Белорусија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира