БЕРЛИН ЌЕ ИМ ЗАБРАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ВЛЕГУВААТ И ВО ПРОДАВНИЦИ, ОСВЕН ВО САМОПОСЛУГИ И АПТЕКИТЕ

    БЕРЛИН ЌЕ ИМ ЗАБРАНИ НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ВЛЕГУВААТ И ВО ПРОДАВНИЦИ, ОСВЕН ВО САМОПОСЛУГИ И АПТЕКИТЕГолем број германски градови и оваа година ги откажаа традиционалните божиќни пазари (Фото: Гети)

    Неколку германски сојузни покраини најавија заострување на мерките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, додека земјата денеска забележа нов рекорден пораст на бројот на заразени.

    Властите на Берлин кажаа дека на невакцинираните наскоро ќе им биде забранет влез во најголем дел продавници и јавни места. Исклучок ќе бидат маркетите за храна и аптеките. Се очекува новите мерки да стапат на сила овој викенд.

    Здравствените власти на Берлин истакнуваат дека поради порастот на бројот на заразени, болниците во градот се наоѓаат под сѐ поголем притисок.

    Невакцинираните од претходно не смеат да влегуваат во културните установи и ноќните клубови.

    „И Хамбург од понеделник планира да воведе ограничувања за влез во местата како театри и кина, односно тој ќе им биде дозволен само на оние кои се вакцинирани или ја прележале болеста. Истото ќе важи и за туристичките капацитети“, кажа градоначалникот Петер Ченчер.

    Само 68% од германското население е вакцинирано против ковид-19, што е една од најниските стапки во западна Европа. Седумдневната инциденца порасна на речиси 400 новозаразени на 100.000 жители, при што во изминатите 24 часа се потврдени над 45.000 нови случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира