БЕРЛУСКОНИ ОСЛОБОДЕН НА СУДЕЊЕТО ЗА ПОДМИТУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА БУНГА БУНГА ЗАБАВИТЕ

    БЕРЛУСКОНИ ОСЛОБОДЕН НА СУДЕЊЕТО ЗА ПОДМИТУВАЊЕ СВЕДОЦИ ЗА БУНГА БУНГА ЗАБАВИТЕСкандалот со бунга бунга забавите придонесе за падот на четвртата влада на Берлускони во 2011 (Фото: ДПА)

    Италијанскиот суд го ослободи поранешниот премиер Силвио Берлускони од обвиненијата за подмитување сведоци во случајот со малолетна проституција, со кој се бореше повеќе од десет години.

    Берлускони се обвинуваше дека им платил на 24 луѓе, главно млади гости на неговите таканаречени бунга бунга забави, да дадат лажно сведочење на претходното судење, на кое беше обвинет дека платил за секс со 17-годишна мароканска танчарка. Ослободени се и останатите 28-мина обвинети.

    Обвинителите бараа шестгодишна затворска казна за Берлускони, чија партија Напред Италија е дел од владата на Џорџа Мелони. Осумдесет и шестгодишниот Берлускони ги негираше обвинувањата и тврдеше дека е жртва на долгогодишен заговор да го исфрлат од политика.

    Скандалот со бунга бунга забавите придонесе за падот на неговата четврта влада во 2011. Берлускони беше ослободен на првичното судење зашто немало докази дека тој знаел дека танчарката била малолетна, за потоа повторно да му се суди за подмитување сведоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира