БЕСПРАВНОТО ГРАДЕЊЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА КАТАСТРОФАТА, КАЖА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА КАМЕНОС

    БЕСПРАВНОТО ГРАДЕЊЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА КАТАСТРОФАТА, КАЖА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА КАМЕНОСКаменос се соочи со гневните локални жители кога дојде во посета на селото Мати (Фото: АП)

    Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека илегалната градба во голема мера придонесла за едни од најкатастрофалните пожари во земјата досега, кои однесоа најмалку 83 животи.

    Тој ги обвини локалните жители за криминал, бидејќи граделе објекти среде шумски предели, со што ги блокирале насоките за бегство од пожарите. По ваквите изјави, Каменос се соочи со гневните локални жители, кога ги посети уништените предели источно од Атина.

    Десетици луѓе сѐ уште се водат како исчезнати, но точната бројка не е позната, додека спасувачките екипи пронајдоа уште лешеви на карпите во близина на селото Мати, кое стана симбол на големата трагедија. Бегајќи од селото, тие тука биле потфатени од огнот, кој бил потпомогнат од ветрови од 120 километри на час.

    Опкружен од преживеаните жители во Мати, тие го нападнаа Каменос дека државата ги напуштила.

    „Ги оставивте луѓето да изгорат без причина. Нè оставивте на милост на Господ“, му кажа една жена на Каменос.

    Друг жител кажа дека им било советувано да скокаат во морето, иако повеќето од постарите не ни можеле да дојдат до него.

    Каменос ги отфрли обвинувањата дека владата не успеала да ги заштити своите граѓани. Напротив, тие со бесправното градење ги блокирале патиштата до плажата.

    „Тоа е криминал од минатото. Повеќето од овие имоти се градени без дозвола и тие бесправно го окупираа брегот“, изјави Каменос.

    Според градоначалникот на Рафина, една од четири куќи се целосно уништени, а повеќе од 50% се делумно оштетени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира