Бевме на работ на судир, Албанците сакаат војна, изјави претседателот на Србија Томислав Николиќ по седницата на Советот за безбедност откако вчер возот од Белград кон Митровица беше запрен во Рашка од безбедносни причини. Николиќ предупреди дека секој следен обид на „привремените институции во Приштина да предизвикаат судир, како овој со возот, ќе заврши лошо“.
„Вчерашниот ден беше на работ на судир со привремените институции во Приштина. Појавувањето на единици на РОСО беа знак дека Албанците сакаат војна. Нека за тоа размислат Албанците и нивните спонзори”, рече Николиќ по седницата одржана во Генералштабот на војската на Србија во Белград.
„Ако не ја исполнува својата улога во Косово и Метохија, како што не ја исполни при настаните со возот Белград-Косовска Митровица, е потребен на Косово“, рече Николиќ и додаде дека Србија ќе постапува по Уставот по кој е должна да ја обезбеди секоја педа од територијата.
„Во тоа сме сложни, единствени и никој не отстапува од тој корпус. Сите сме единствени дека вчера постапивме добро, но оти нема основа за ликување на Албанците. Секој следен обид ќе заврши многу лошо”, рече закани Николиќ. Тој рече дека очекува за целиот случај да се изјасни ЕУ.