„БИОНТЕК“ ЛАНИ ЗАРАБОТИЛА 270 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19

    „БИОНТЕК“ ЛАНИ ЗАРАБОТИЛА 270 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ОД ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19„Бионтек“ вели дека 2020 била трансформациска година за компанијата. (Фото: Бионтек)

    Фармацевтската компанија од Мајнц „Бионтек“, објави дека во 2020 година остварила приход од 270 милиони евра само од вакцината против ковид-19 што ја разви заедно со својот американски партнер „Фајзер“.

    „2020 беше трансформациска година за ‘Бионтек‘ со развојот и одобрувањето на првиот лек во историјата заснован на информациона РНК“, изјави Угур Шахин, коосновачот и извршен директор на компанијата.

    Тој додаде дека до март годинава биле испорачани 200 милиони дози во повеќе од 65 држави и региони.

    „Веќе се забележуваат првите знаци на намалување на бројот на заразени и починати од ковид-19 во некои земји“, рече Шахин.

    Шахин ја основал компанијата заедно со сопругата Озлем Туречи, и двајцата имигранти од Турција. Компанијата планира да го зголеми производството на вакцини против ковид-19 од две на 2,5 милијарди дози до крајот на годината.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира