БИВШ МЕДИЦИНСКИ БРАТ ОД ГЕРМАНИЈА ПРИЗНА ДЕКА УБИЛ ПОВЕЌЕ ОД 100 ПАЦИЕНТИ ВО ОБИД ДА ГИ ИМПРЕСИОНИРА КОЛЕГИТЕ

    БИВШ МЕДИЦИНСКИ БРАТ ОД ГЕРМАНИЈА ПРИЗНА ДЕКА УБИЛ ПОВЕЌЕ ОД 100 ПАЦИЕНТИ ВО ОБИД ДА ГИ ИМПРЕСИОНИРА КОЛЕГИТЕДавал фатална доза лекови на пациенти, па се обидувал да ги оживее. - Нилс Хегел на судењето во 2014 (Фото: Гети)

    Поранешен медицински брат од Германија го призна убиството на повеќе од 100 пациенти на првиот ден од судењето во Олденбург, што го прави најголем сериски убиец во земјата по Втората светска војна.

    Полицијата кажа дека 41-годишниот Нилс Хегел давал фатални дози лекови на пациенти на интензивна нега во две болници на северот на Германија. Неговиот мотив, како што се вели, бил да ги импресионира колегите со обидите да ги оживее нападнатите пациенти.

    Хегел, кој веќе е осуден на доживотен затвор за убивање пациенти за кои се грижел, сега призна дека е одговорен за смртта на 36 луѓе во болницата во Олденбург и на уште 64 во Делменхорст во периодот од 1999 до 2005 година.

    Запрашан од судијата дали обвинувањата против него се точни, Хегел одговори „помалку или повеќе сите од нив“.

    Се очекува судскиот процес да трае до мај. Истражителите велат дека тој можеби убил уште луѓе, но некои од нив биле кремирани.

    Хегел првпат бил фатен во 2005 година, кога доби седум години затвор за обид за убиство, а на второто судење во 2014/15, доби максимална казна за две убиства и подоцна призна дека убил најмалку 30 луѓе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари