БИВШ ВОЈНИК ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА СЛОВАЧКИОТ НОВИНАР КУЦИЈАК, ПОЗНАТ И НАРАЧАТЕЛОТ

    БИВШ ВОЈНИК ГО ПРИЗНА УБИСТВОТО НА СЛОВАЧКИОТ НОВИНАР КУЦИЈАК, ПОЗНАТ И НАРАЧАТЕЛОТКуцијак и неговата свршеница беа пронајдени застрелани во нивниот дом во февруари 2018

    Поранешен војник го призна убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и на неговата свршеница, што се случи во февруари минатата година, објавија тамошните медиуми.

    Мирослав Марчек и тројца други, кои сега се во притвор, се обвинети за убиствата што ја згрозија европската јавност, а како нарачател е именуван словачкиот бизнисмен Маријан Коцнер.

    Дваесет и седумгодишниот Куцијак и Мартина Кушнирова беа пронајдени застрелани во нивниот дом во селото Велка Маца, 65 километри источно од Братислава. Куцијак во тоа време ја истражуваше можната врска помеѓу словачки бизнисмени и политичари и италијанската мафија.

    Марчек призна дека пукал во двојката и дека ги возел останатите осомничени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира