БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ САРКОЗИ ОСУДЕН НА ЗАТВОР ЗА КОРУПЦИЈА, КАЗНАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ДОМА

    БИВШИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ САРКОЗИ ОСУДЕН НА ЗАТВОР ЗА КОРУПЦИЈА, КАЗНАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ДОМАСаркози е првиот француски претседател кој доби затворска казна (Фото: Гети)

    Поранешниот француски претседател Никола Саркози е осуден на три години затвор поради корупција. Две години од изречената казна се условни.

    Шеесет и шестгодишниот Саркози е прогласен за виновен за обид за поткуп на судијата Жилбер Азибер, на кого му нудел престижна работа во Монако, во замена за информации за криминална истрага против неговата партија.

    Идентична казна добија и Азибер и бившиот адвокат на Саркози, Тјери Херцог. Саркози може да ја отслужи казната во домашни услови. Обвинителите бараа четири години затвор, од кои две условни.

    Првиот француски претседател на кого претходно му се судеше беше Жак Ширак, кој во 2011 доби двегодишна условна казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира