МЕНАЏЕРОТ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА НА ТРАМП ВО ЗАТВОР, ОТИ ВЛИЈАЕЛ НА СВЕДОЦИ

    МЕНАЏЕРОТ НА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА НА ТРАМП ВО ЗАТВОР, ОТИ ВЛИЈАЕЛ НА СВЕДОЦИПол Манафорт ги прекршил условите за кауција откако се обидел да влијае врз сведоци (Фото: Гети)

    Поранешниот менаџер на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манафорт, е затворен откако судот во Вашингтон ја отповика неговата кауција.

    Роберт Милер, кој го истражува евентуалното руско мешање во изборите во 2016 година, го обвини дека се обидел да влијае врз потенцијални сведоци во пресрет на судењето.

    Тој е обвинет дека преку апликација на шифриран мобилен телефон контактирал луѓе, со што ги прекршил условите за кауција.

    Манафорт се товари за даночна измама, перење пари и за незаконско лобирање, што не е поврзано со изборната кампања на Трамп.

    „Манафорт ја злоупотреби нашата доверба. Ова не е средно училиште, не можам да му го одземам мобилниот“, кажа судијката Ејми Берман Џексон.

    Трамп изјави дека одлуката е нефер и тешка казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира