БИВШИОТ ШЕФ НА КАБИНЕТОТ НА НАВАЛНИ ПРЕТЕПАН СО ЧЕКАН ВО ЛИТВАНИЈА

    БИВШИОТ ШЕФ НА КАБИНЕТОТ НА НАВАЛНИ ПРЕТЕПАН СО ЧЕКАН ВО ЛИТВАНИЈАЛеонид Волков го опиша нападот како типичен гангстерски поздрав од Путин (Фото: Гети)

    Долгогодишниот близок соработник на покојниот руски опозиционер Алексеј Навални, Леонид Волков, е нападнат пред својот дом во Литванија. Волков кажа дека му е скршена рака и дека 15 пати бил удрен со чекан по нога.

    Не е познат идентитетот на напаѓачот, но Волков верува дека е политички мотивирано.

    Тоа беше очигледен, типичен гангстерски поздрав од Путин, од бандит од Санкт Петербург. Ќе работиме и нема да се предадеме“, објави Волков на Телеграм, без да даде повеќе детали за напаѓачот.

    Полицијата покрена истрага за нападот, кој се случил кога Волков пристигнал со автомобил пред својот дом во Вилнус.

    Иван Жданов, уште еден соработник на Навални, објави фотографии од натепаниот Волков, на кои се гледа дека има крвава лева потколеница и модринки на главата. Запрашан дали напаѓачот извикал нешто, Жданов одговори:

    Сѐ се случи во тишина. Се разбира дека ова е јасен политички напад, нема сомнеж во тоа“.

    Волков (43), кој од безбедносни причини живее надвор од Русија веќе неколку години, беше шеф на кабинетот на Навални до неговата смрт минатиот месец. Тој се соочува со неколку обвиненија во Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира