БИВШИОТ СПИКЕР НА ПАРЛАМЕНТОТ КОНСТАНТИНОС ТАСУЛАС ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЦИЈА

    БИВШИОТ СПИКЕР НА ПАРЛАМЕНТОТ КОНСТАНТИНОС ТАСУЛАС ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЦИЈАОдлуката за номинација на Тасулас доведе до протести пред парламентот минатиот месец (Фото: Катимерини)

    Грчкиот парламент го избра својот поранешен спикер Константинос Тасулас за нов претседател на земјата, одобрувајќи го кандидатот на конзервативната влада.

    Одлуката за номинација на Тасулас доведе до протести пред парламентот минатиот месец, при што се бараше правда за смртоносната железничка несреќа во 2023. Демонстрантите ги обвинуваа пратениците и Тасулас дека не успеале да истражат каква било политичка одговорност за најтешката железничка несреќа во историјата на Грција, во која загинаа 57 луѓе. Две години подоцна, судската истрага и натаму е во тек.

    Според грчките закони, парламентот е единственото тело кое може да истражува политичари.

    Шеесет и шестгодишниот Тасулас е адвокат кој порано беше министер за култура и заменик-министер за одбрана. Тој ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март.

    Политичките аналитичари сметаат дека премиерот Мицотакис го номинирал Тасулас за да ја зацврсти својата власт. Неговата партија Нова демократија има мало мнозинство во парламентот, но се наоѓа под засилен притисок, велат анкетите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира