БОБ ДИЛАН КОНЕЧНО ЌЕ ЈА ПРИМИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

    БОБ ДИЛАН КОНЕЧНО ЌЕ ЈА ПРИМИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРАНа церемонијата на доделувањето на наградата нема да бидат поканети медиуми

    Рок легендата Боб Дилан – добитникот на Нобеловата награда за литература во 2016 година, конечно ќе ја прими дипломата и Нобеловиот медал овој викенд, соопшти Шведската академија, прекунивајќи ги неколкумесечните шпекулации дали тој ќе ја прими паричната награда и медалот.

    Церемонијата ќе се совпадне со посетата на Дилан на Стокхолм каде што оваа сабота и недела има закажано концерти.

    Постојаниот секретар на Академијата Сара Даниус рече дека „настанот ќе биде мал и интимен и на него нема да присуствуваат медиуми“.

    „Само Боб Дилан и членови на Академијата ќе бидат присутни на настанот, бидејќи тоа е желба на лауреатот“, изјави Даниус.

    Традиционално, наградата вредна 8 милиони круни (околу 950.000 евра) се доделува неколку дена пред церемонијата на 10 декември, но тогаш 75 годишната рок ѕвезда не беше во состојба да дојде во Стокхолм. Неговото непојавување и молкот по објавувањето на наградата предизвика многу шпекулации и зачуденост.

    Легендарниот пејач и поет Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за „создавање нови поетски изрази во рамките на величествената американска традиција на песната“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари