„БОИНГ 737“ СО НАД 50 ЛУЃЕ ИСЧЕЗНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД ЏАКАРТА

    „БОИНГ 737“ СО НАД 50 ЛУЃЕ ИСЧЕЗНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД ЏАКАРТААвионот бил во сопственост на локалниот авиопревозник „Сривиџаја ер“ (Фото: Гети)

    Патнички авион со повеќе од 50 луѓе исчезна од радарот набргу по полетувањето од главниот град на Индонезија, Џакарта.

    Сајтот за следење авионски летови „Флајтрадар24“ објави дека „боинг 737-500“ на локалниот авиопревозник „Сривиџаја ер“ за помалку од една минута изгубил висина од 3.000 метри. Тој летал за Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан.

    Министерството за транспорт соопшти дека покренале спасувачка операција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира