БОМБАШ САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕСЕ НА СВАДБА ВО ТУРЦИЈА, НАЈМАЛКУ 30 ЗАГИНАТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Анкара,(БиБиСи)

    БОМБАШ САМОУБИЕЦ СЕ РАЗНЕСЕ НА СВАДБА ВО ТУРЦИЈА, НАЈМАЛКУ 30 ЗАГИНАТИ

    Во експлозијата што се случи во сабота навечер на свадба на отворено во јужниот турски град Газиантеп, според последните податоци загинаа најмалку 30 лица, а беа повредени повеќе од 94, соопштија властите.

    Претседателот Реџеп Таип Ердоган ја обвини т.н. Исламска држава (ИД) дека најверојатно го извршила нападот користејќи бомбаш-самоубиец кој се разнел на забавата.

    Газиантеп, кој е град главно населен со Курди се наоѓа во југоисточниот дел од државата, на околу 60 километри од границата со Сирија. Во истиот град во мај беа убиени двајца полицајци исто така од бомбаш самоубиец. Според АФП, на свадбата повеќето од гостите биле Курди.

    Турција годинава беше погодена од серија бомбашки напади и од ИСИС и од курдските милитанти. Последниот голем терористички акт беше нападот на аеродромот во Истанбул во јуни, кога беа убиени повеќе од 40 луѓе.

    Во писменото соопштение објавено од локалните медиуми, Ердоган објаснува дека „нема разлика“ помеѓу Исламаска држава (ИД), курдските милитанти од ПКК и следбениците на свештеникот Фетула Ѓулен, кој тој го обвинува дека е организатор на обидот за воен удар минатиот месец.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира