Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија дека станале родители на син.
„Премиерот и Симондс се возбудени што можат да објават дека утрово во болница во Лондон им се роди здраво машко бебе. Мајката и бебето се добро“, изјави портпаролката на Џонсон.
Педесет и петгодишниот Џонсон и 23 години помладата Симондс во март објавија дека се свршиле на крајот на минатата година и дека во рано лето треба да добијат бебе.
Џонсон пред само два дена се врати на премиерската функција откако пред повеќе од еден месец имаше позитивен тест на коронавирус, по што една недела помина и во болница поради влошување на симптомите. И Симондс исто така покажуваше симптоми на болеста.