БОРИС ЏОНСОН ДОБИ СИН СО 23 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА СВРШЕНИЦА

    БОРИС ЏОНСОН ДОБИ СИН СО 23 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА СВРШЕНИЦАСвршеницата на Џонсон се породи само два дена откако тој се врати на премиерската функција (Фото: ПА)

    Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија дека станале родители на син.

    „Премиерот и Симондс се возбудени што можат да објават дека утрово во болница во Лондон им се роди здраво машко бебе. Мајката и бебето се добро“, изјави портпаролката на Џонсон.

    Педесет и петгодишниот Џонсон и 23 години помладата Симондс во март објавија дека се свршиле на крајот на минатата година и дека во рано лето треба да добијат бебе.

    Џонсон пред само два дена се врати на премиерската функција откако пред повеќе од еден месец имаше позитивен тест на коронавирус, по што една недела помина и во болница поради влошување на симптомите. И Симондс исто така покажуваше симптоми на болеста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира