БОРИС ЏОНСОН НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МУ СЕ ВЛОШИЛА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

    БОРИС ЏОНСОН НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА, МУ СЕ ВЛОШИЛА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТБританскиот премиер Борис Џонсон побарал од министерот за надворешни работи Доминик Раб да го заменува каде што е потребно. (Фото: Скај Њуз)

    Британскиот премиер Борис Џонсон, кој од синоќа е во болница поради коронавирус, вечерва е преместен на оддел за интензивна нега, соопштија од неговиот кабинет.

    „Од недела вечер, премиерот е под грижа на доктори во болницата ‘Сеинт Томас’ во Лондон каде што беше примен со симптоми на коронавирус. Попладнево, состојбата на премиерот се влоши и тој беше преместен на одделот за интензивна нега во болницата. Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Раб да го заменува каде што е потребно“, кажа портпаролот на Џонсон.

    55-годишниот Џонсон беше позитивен на тестот за коронавирус пред 10 дена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари