БОРИСОВ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, ПАРТИЈАТА НА ШОУМЕНОТ СЛАВИ ТРИФОНОВ НА ТРЕТОТО МЕСТО

    БОРИСОВ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, ПАРТИЈАТА НА ШОУМЕНОТ СЛАВИ ТРИФОНОВ НА ТРЕТОТО МЕСТОИзборните резултати кажуваат дека Борисов ќе има проблеми да состави влада (Фото: АФП)

    ГЕРБ на Бојко Борисов останува водечката политичка сила во Бугарија и по денешните парламентарни избори, откако освои 25,7% од гласовите, велат излезните анкети.

    Сепак, вистински победник на изборите е партијата Има таков народ, што пред една година ја основа популарниот пејач, актер и шоумен Слави Трифонов, која се најде на третото место по бројот на освоени гласови – 15,2%.

    Втора е БСП, социјалистичката партија на Корнелија Нинова, за која гласаа 17,6% избирачи, додека досегашниот коалициски партнер на Борисов, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, освои 4% гласови, со што успеа да го помине прагот за влез во парламентот.

    Според неофицијалните пресметки, ГЕРБ ќе има 76 пратеници во новиот состав на парламентот и се најавува неизвесност во формирањето на новата влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира