БРАЗИЛ НАДМИНА ДВА, А ИНДИЈА ЕДЕН МИЛИОН СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, САД СО ДНЕВЕН РЕКОРД ОД 77.300 НОВОЗАРАЗЕНИ

    БРАЗИЛ НАДМИНА ДВА, А ИНДИЈА ЕДЕН МИЛИОН СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, САД СО ДНЕВЕН РЕКОРД ОД 77.300 НОВОЗАРАЗЕНИБразил во просек има над 1.000 починати од ковид-19 на ден (Фото: АП)

    Индија стана трета држава на светот со повеќе од еден милион случаи на коронавирус, додека Бразил во исто време ја надмина границата од два милиона. Бројките во двете земји се удвоија за период од само еден месец.

    Од појавата на првите случаи на коронавирус во втората половина на мај, Бразил во просек има над 1.000 починати на ден и трагичниот биланс сега изнесува 76.000 мртви, додека претседателот Жаир Болсонаро, кој и самиот се зарази, и натаму ја потценува целата ситуација.

    „Вирусот и онака тешко можеше да се сопре, но земјата нема национална стратегија на тестирање, властите не воведуваат мерки и се преземаат малку напори да се подобри основната здравствена грижа“, вели д-р Адријано Масуда од Универзитетот во Сао Пауло.

    Во Индија во изминатите 24 часа има 30.000 новозаразени, со што беше помината границата од еден милион случаи, од кои досега починале речиси 25.000 лица.

    САД забележаа нов светски рекорд од 77.300 нови случаи на коронавирус во еден ден, потврди Универзитетот Џонс Хопкинс. Претходниот рекорд беше 67.800 на 10 јули. Во САД досега има над 3,5 милиони заразени и 138.358 починати од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира