БРИСЕЛ Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ПОЛСКА СО КАЗНИ ЗАШТО ГО ПОТКОПУВА ЕВРОПСКИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК, ПРЕМИЕРОТ МОРАВЈЕЦКИ ЈА ОБВИНИ ЕУ ЗА УЦЕНА

    БРИСЕЛ Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ПОЛСКА СО КАЗНИ ЗАШТО ГО ПОТКОПУВА ЕВРОПСКИОТ ПРАВЕН ПОРЕДОК, ПРЕМИЕРОТ МОРАВЈЕЦКИ ЈА ОБВИНИ ЕУ ЗА УЦЕНАМоравјецки го обвини Брисел дека ги пречекорува своите овластувања (Фото: Гети)

    Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за уцена во жестоката дебата за владеењето на правото со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Судирот во Европскиот парламент уследи откако највисокиот суд на Полска пресуди дека делови од европското законодавство не се во согласност со полскиот устав, што е прв таков случај во ЕУ досега.

    „Нема да дозволиме Полска да ги поткопува вредностите на Европската Унија. Таа ги доведува во прашање самите темели на Унијата и единството на европскиот правен поредок и нема да помине неказнето“, изјави Фон дер Лајен.

    Одговорајќи ѝ на Фон дер Лајен, Моравјецки кажа дека го отфрла говорот на закани и го обвини Брисел дека ги пречекорува своите овластувања.

    „Надлежностите на ЕУ имаат јасни граници и не смееме да молчиме кога тие граници се прекршени. Ние велиме ‘да‘ за европскиот универзализам, но го одбиваме европскиот централизам“, кажа Моравјецки.

    И покрај последниот конфликт, полската владејачка партија Право и првада тврди дека земјата не планира „полегзит“ и дека поддршката за ЕУ останува голема во земјата.

    „Европската комисија во моментов внимателно го проценува својот одговор кон Полска. Но, можам да кажам дека сум длабоко загрижена“, кажа Фон дер Лајен.

    Меѓу можните казни е Брисел да ги блокира фондовите наменети за Полска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира