БРИТАНИЈА И ЕВРОПСКА УНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТ

    БРИТАНИЈА И ЕВРОПСКА УНИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТОстанува договорот да биде изгласан во британскиот и во Европскиот парламент. - Борис Џонсон (Фото: ПА)

    Британските и европските преговарачки тимови постигнале договор за брегзит во пресрет на Самитот на Европската Унија во Брисел.

    „Направивме нов одличен договор со кој повторно ја имаме контролата“, напиша премиерот Борис Џонсон на Твитер.

    Двете страни работеа на законскиот текст на договорот, но тој допрва треба да биде прифатен од британскиот и од Европскиот парламент.

    Демократската унионистичка партија на Северна Ирска соопшти дека и натаму не може да поддржи таков договор, но претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека „тој е коректен и балансиран“. И Јункер и Џонсон им порачаа на своите парламенти да го поддржат договорот.

    Џонсон ќе го претстави договорот подоцна, за време на Самитот во Брисел.

    Главниот европски преговарач Мишел Барние изјави дека транзицијата најверојатно ќе трае до крајот на 2020 година, но тоа би можело да потрае и подолго.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира