БРИТАНИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР, НАЈАВИ МЕЈ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"ВеликаБританија,(БИ-БИ-СИ)

    БРИТАНИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР, НАЈАВИ МЕЈ

    Британската премиерка Тереза Меј изјави дека „нема шанси“ Велика Британија  да остане во единствениот европски пазар, зашто тоа би значело дека „воопшто не ја напушта ЕУ“. Меѓутоа, премиерката вети дека ќе направи сѐ за најслободен можен пристап до пазарот, после брегзит и да склучи договори со други земји во светот. Во долгоочекуваниот говор, Меј исто така соопшти дека и Собранието ќе гласа за последниот договор меѓу Велика Британија  и Европската унија. Меј вети крај на „огромниот паричен придонес“ на Велика Британија за ЕУ.

    Но лабуристите предупредија дека има „огромни опасности“ во планот на Меј.

    Премиерката го искористи говорот за да ги искаже приоритетите на Велика Британија  за преговорите на брегзит, меѓу кои се и:

    – Одржување на заедничката патничка зона меѓу Велика Британија  и Република Ирска

    – Трговија без тарифи со ЕУ

    – Договор за царина со ЕУ

    – Нови договори за трговија со земјите надвор од ЕУ

    – Продолжување на „практичното“ споделување на разузнавачки и полициски информации

    – „Контрола“ врз правата за емиграција за граѓаните на ЕУ во Велика Британија  и граѓаните на Велика Британија  во ЕУ.

    – „Пристап во фази“.

    Меј рече дека нема да има преговори „удар по удар“, откако членот 50 од Лисабонскиот договор ќе биде покренат во март. Не беше нејзина намера да ги „омаловажи“ ЕУ или пазарот, додаде таа. Меѓутоа, Меј ја предупреди ЕУ да не одговара со казни за брегзит, затоа што би значело „турбулентно само-повредување на земјите на Европа и не би било пријателско дело“.

    Таа изјави: „Овој договор треба да овозможи најслободна трговија на добра и услуги меѓу Британија и земјите членки на ЕУ. Треба да им даде на британските компании максимална слобода за трговија и операции внатре во европскиот пазар и да им дозволи на европските бизниси да го направат истото во Британија. Но сакам да бидам јасна: тоа што јас го препорачувам не значи членство во заедничкиот пазар“.

    Меј додаде: „Инаку, тоа би значело дека не ја напуштаме ЕУ воопшто. Затоа и двете страни на референдумската кампања јасно објаснија дека гласот за напуштање на ЕУ би бил глас за напуштање на заедничкиот пазар.“

    Заедничкиот пазар овозможува слободно движење на добра, услуги и работници помеѓу земјите членки. Владата претходно имаше откриено неколку детали околу тоа што сака да осигура од разговорите за брегзит, со тоа што лабуристите бараа Меј да склучи „договор кој е добар за трговијата.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира