БРИТАНИЈА ПОЧНА СО ОБУКА НА ПРВИТЕ 10 ИЛЈАДИ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ

    БРИТАНИЈА ПОЧНА СО ОБУКА НА ПРВИТЕ 10 ИЛЈАДИ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИУкраински војник на обука во Британија. (Фото: Британско Министерство за одбрана)

    Украинските војници кои се на обука во Велика Британија се сретнаа со министерот за одбрана Бен Волис на стартот на обуката која што се очекува да трае неколку недели. Според програмата на британската армија, во наредните четири месеци обуката треба да ја поминат околу 10 илјади Украинци, кои се со мало или воопшто немаат воено искуство.

    „Оваа амбициозна нова тренинг програма е следната фаза од британската поддршка на Украинската армија во нејзината борба против руската агресија. Користејќи ја нашата експертиза, една од најдобрите во светот, ќе ѝ помогнеме на Украина да ги изгради повторно своите сили и да го зголеми отпорот додека ја брани сувереноста на својата земја и правото да си ја избере својата иднина“, изјави Волис.

    Обуката ќе им овозможи на украинските доброволци да се стекнат со ефективни вештини за борба на фронтот. Програмата е базирана на обуката на британските војници.

    Британските команданти планираат да обучуваат по 2.400 украински доброволци во секој момент, со што обуката би ја поминувале околу 10 илјади Украинци на секои 120 дена.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира