БРИТАНИЈА ВЕЛИ ДЕКА ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ОД РУСИЈА

    БРИТАНИЈА ВЕЛИ ДЕКА ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ ПОРАДИ ЗАКАНИТЕ ОД РУСИЈАБританските војници од 2015 ги обучуваат украинските вооружени сили (Фото: ЕПА)

    Велика Британија објави дека ја снабдува Украина со противтенковски проектили со краток домет за самоодбрана, откако Русија распореди 100.000 војници на границата. Министерот за одбрана Бен Волас изјави и дека мал тим на британски војници ќе биде испратен во Украина за да обезбеди тренинг.

    „Постои легитимна и вистинска причина за загриженост дека руските сили подготвуваат инвазија“, кажа Волас.

    Русија негира дека има планови за инвазија и го обвини западот за агресија.

    Десетици британски војници се присутни во Украина од 2015 со цел да ги обучуваат тамошните вооружени сили, но Волас кажа дека Британија ќе обезбеди дополнителна помош „во екот на растечкото заканувачко однесување на Русија“. Првата пратка со проектили била испратена вчера.

    „Украина има секое право да ги брани своите граници и со оваа нова помош ќе ја зголеми својата способност за тоа. Да бидеме јасни: ова се проектили со краток домет чија намена е строго одбранбена. Тоа не е стратешко оружје и не претставува закана за Русија. Ако таа преземе акции за дестабилизирање на Украина, веќе е подготвен пакет на меѓународни санкции“, изјави Волас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира