БРИТАНСКАТА ВЛАДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА КРАЛИЦАТА ШТО ПРАВЕЛА ЗАБАВИ ПРЕД ПОГРЕБОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП

    БРИТАНСКАТА ВЛАДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА КРАЛИЦАТА ШТО ПРАВЕЛА ЗАБАВИ ПРЕД ПОГРЕБОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИППремиерот Џонсон не бил присутен на двете забави на улицата Даунинг 10 (Фото: ЕПА)

    Британската влада ѝ се извини на Бакингамската палата за забавите што се одржале во нејзиното седиште на улицата Даунинг 10 вечерта пред погребот на принцот Филип. Собирите се случиле на 16 април 2021 и траеле до утринските часови.

    „Длабоко жалиме што тоа се случи во време на национална жалост“, изјави портпаролот на владата.

    Премиерот Борис Џонсон не бил присутен на двете забави, но опозицијата сепак побара негова оставка поради кршење на ковид правилата на улицата Даунинг 10. Забавите се одржале во периодот кога ковид рестрикциите во Британија забрануваа собири во затворено, па дури и кралицата седеше сама во црквата за време на погребот на Филип.

    „Ова покажува колку сериозно Борис Џонсон ја деградирал премиерската канцеларија. Конзервативците ја изневерија Британија. Извинување не е единствената работа што премиерот треба да понуди денеска“, изјави лидерот на Лабуристите, Кир Стармер.

    Извинувањето е испратено од владини функционери и засега е непознато дали Џонсон лично ѝ се извинил на кралицата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира