БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ЌЕ ЗАРАЗАТ ЗДРАВИ МЛАДИ ЛУЃЕ СО КОРОНАВИРУС ЗА ДА СЕ ЗАБРЗА РАЗВОЈОТ НА ВАКЦИНИ

    БРИТАНСКИ НАУЧНИЦИ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ЌЕ ЗАРАЗАТ ЗДРАВИ МЛАДИ ЛУЃЕ СО КОРОНАВИРУС ЗА ДА СЕ ЗАБРЗА РАЗВОЈОТ НА ВАКЦИНИЛица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат изложени на вирусот во безбедна и контролирана средина (Фото: Гети)

    Здрави, млади волонтери ќе бидат заразени со коронавирус за да се тестираат вакцини и методи на лекување, во првото вакво истражување на светот, што ќе се спроведе во Велика Британија. Студијата, која доби етичко одобрување од властите, ќе вклучи 90 луѓе на возраст од 18 до 30 години.

    Тие ќе бидат изложени на вирусот во безбедна и контролирана средина и нивната состојба ќе се следи од лекари.

    Истражувањата со здрави човечки субјекти имаат играно важна улога во забрзувањето на развојот на третмани за голем број болести, како маларија, тифус, колера и грип. Тестирањата ќе им помогнат на научниците да го откријат најмалото количество коронавирус потребно да предизвика зараза и како имунолошкиот систем реагира на тоа. Ова исто така ќе им даде на научниците подобро разбирање на ковид-19, што пак може да води кон развојот на нови вакцини и третмани.

    „Очекуваме ова истражување да ни даде уникатен увид во тоа како функционира вирусот и да ни помогне да развиеме ветувачки вакцини“, изјави Клајв Дикс, претседателот на владината работна група за вакцини.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира