БРИТАНСКИОТ И ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ЏОНСОН И КАСТЕКС СЕ ВАКЦИНИРАА СО „АСТРАЗЕНЕКА“

    БРИТАНСКИОТ И ФРАНЦУСКИОТ ПРЕМИЕР ЏОНСОН И КАСТЕКС СЕ ВАКЦИНИРАА СО „АСТРАЗЕНЕКА“Не можам повеќе да ви ја препорачам оваа вакцина, изјави Џонсон (Фото: Ројтерс)

    Британскиот и францускиот премиер Борис Џонсон и Жан Кастекс ја примија првата доза од вакцината на „АстраЗенека“ за да ја уверат јавноста во своите земји дека е безбедна, ден откако Европската агенција за лекови (ЕМА) заклучи дека таа не го зголемува ризикот од тромбоза.

    „Буквално ништо не почувствував, беше многу добро и многу брзо. Не можам повеќе да ви ја препорачам оваа вакцина“, изјави Џонсон.

    Повеќе од 26 милиони Британци досега имаат примено барем една доза од вакцината против ковид-19.

    Пред Џонсон, денеска се вакцинираше и Кастекс, што уследи откако француската влада воведе нов карантин во Париз, стравувајќи од доаѓањето на трет бран на коронавирусот.

    Веднаш откако доби зелено светло од ЕМА, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Кипар, Летонија, Литванија и Канада најавија дека ќе продолжат со вакцинирањето со „АстраЗенека“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира