БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ ПЛАНОТ ЗА БРЕГЗИТ БЕЗ ДОГОВОР, УТРЕ СЕ ГЛАСА ЗА НЕГОВО ОДЛОЖУВАЊЕ

    БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ ПЛАНОТ ЗА БРЕГЗИТ БЕЗ ДОГОВОР, УТРЕ СЕ ГЛАСА ЗА НЕГОВО ОДЛОЖУВАЊЕИзлегувањето на Велика Британија од ЕУ на 29 март сега е неизвесно. - Тереза Меј (Фото: ПА)

    Тереза Меј доживеа нов пораз откако британскиот парламент го одби планот за излегување на Велика Британија од Европската Унија без договор, што може да доведе до одложување на процесот. Противниците на планот го добија гласањето со разлика од само четири гласа, 312 наспроти 308.

    Ова уследи само 24 часа откако пратениците во британскиот парламент по вторпат со огромна разлика во гласови го одбија предлог договорот на премиерката Меј.

    Вечерашното гласање не беше обврзувачко и не значи дека Велика Британија нема да излезе од ЕУ, што треба да се случи на 29 март, но пратениците сега би можеле да гласат за одложување на брегзит. За ова би можело да се гласа утре и ако помине и Европската Унија се согласи, Велика Британија и по 29 март ќе остане членка.

    Истовремено беше одбиен и амандманот со кој се предлагаше излегувањето на Велика Британија од ЕУ да се одложи до 22 мај.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари