БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ТРЕТПАТ ГО ОДБИ ПЛАНОТ ЗА БРЕГЗИТ

    БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ТРЕТПАТ ГО ОДБИ ПЛАНОТ ЗА БРЕГЗИТВелика Британија на 12 април може да излезе од ЕУ без договор (Фото: АП)

    Британските пратеници по третпат го одбија планот на Тереза Меј за излегување на земјата од Европска Унија, овојпат со значително помала разлика од 58 гласови, фрлајќи го целиот процес во уште поголема конфузија.

    Ова се случува на денот кога Велика Британија оригинално требаше да ја напушти Унијата, а сега стана јасно дека нема да добие одложување до 22 мај и дека нема да излезе со договор.

    „Велика Британија сега мора да пронајде алтернативен начин, кој речиси сигурно вклучува одржување европски избори“, изјави Меј, која најави дека ќе поднесе оставка доколку биде прифатен нејзиниот договор.

    Следната опција за Меј е до 12 април да се избори за подолго одложување, со цел на тој ден да се избегне брегзит без договор.

    „12 април сега е новиот 29 март“, кажа генералниот секретар на Европската комисија Мартин Селмаер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира