БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ПОВТОРНО МУТИРА И БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ЗАКАНА ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА

    БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ ПОВТОРНО МУТИРА И БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ ЗАКАНА ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТАНаучниците велат дека британскиот сој би можел да стане доминантен во светот (Фото: Гети)

    Варијантата на коронавирусот што првпат беше откриена во англискиот округ Кент би можела да стане доминантен сој во светот, вели Шерон Пикок, шефицата на британската програма за генетско набљудување, додавајќи дека поголема грижа претставуваат неговите мутации.

    „Новата варијанта ја преплави земјата и веројатно ќе го преплави и светот“, смета Пикок.

    Овој сој веќе е детектиран во повеќе од 50 држави. Првпат бил откриен во ноември 2020 во југоисточна Англија и неговото брзо ширење во наредните месеци ја принуди британската влада да воведе нови строги рестрикции во јануари.

    Сегашните вакцини се дизајнирани за раните верзии на коронавирусот, но научниците веруваат дека тие би можеле да делуваат и против новите варијанти, иако можеби не толку ефективно. Пикок вели дека вакцините одобрени во Британија се чинат ефективни против постојните варијанти на коронавирусот во земјата, но мутациите претставуваат потенцијална закана.

    „Она што е загрижувачки е што варијантата 1.1.7., која циркулира веќе со недели и месеци, повторно почна да мутира и тоа би можело да го наруши начинот на кој се справуваме со вирусот. Оваа нова мутација би можела да биде закана за вакцинирањето“, вели Пикок.

    Оваа мутација првпат била идентификувана во Бристол и се опишува како „загрижувачка варијанта“.

    Моментално има три варијанти на коронавирусот што особено ги загрижуваат научниците: јужноафриканска, бразилска и британска (Кент).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира