БРИТАНСКИОТ ЗАМЕНИК АМБАСАДОР ВО БУДИМПЕШТА ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУС НА 37 ГОДИНИ

    БРИТАНСКИОТ ЗАМЕНИК АМБАСАДОР ВО БУДИМПЕШТА ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУС НА 37 ГОДИНИСо смртта на заменик амбасадорот Дик, бројката на починати од коронавирус во Унгарија се искачи на 10, според податоците на унгарската влада. (Фото: ДПА)

    Заменик амбасадорот на Велика Британија во Будимпешта Стивен Дик почина од коронавирус, соопшти денеска британското министерство за надворешни работи. 37-годишниот дипломат починал вчера во Унгарија, каде што бил назначен во декември.

    Со смртта на Дик, бројката на починати од коронавирус во Унгарија се искачи на 10, според податоците на унгарската влада.

    „Стивен беше посветен дипломат и ја претставуваше својата земја со големи вештина и страст. Ќе ни недостасува на сите кои го познававме и работевме со него“, соопшти британското министерство за надворешни работи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари