БРОД ЗА КРСТАРЕЊЕ СО 800 БОЛНИ ОД КОВИД ДОЈДЕ ВО СИДНЕЈ

    БРОД ЗА КРСТАРЕЊЕ СО 800 БОЛНИ ОД КОВИД ДОЈДЕ ВО СИДНЕЈОколу 4.600 патници и членови на екипажот се на бродот „Маџестик принцес“ - што значи дека еден од пет има ковид. (Фото: Гети)

    Во пристаништето во Сиднеј, Австралија, пристигна брод за крстарење со околу 800 патници со ковид-19. Бродот отпловил од Нов Зеланд. Околу 4.600 патници и членови на екипажот се на бродот – што значи дека околу еден од пет има ковид.

    Ова потсетува на епидемијата на ковид на бродот „Руби принцес“ на почетокот на 2020, каде што најмалку 900 луѓе беа позитивни, а 28 починаа.

    Маргерит Фицџералд, претседателка на операторот за крстарење Карневал Австралија, чиј брод беше и „Руби принцес“, рече дека голем број случаи почнале да се откриваат на половина пат од 12-дневното патување. Сите случаи биле или асимптоматски или благо симптоматски, рече таа. Персоналот ќе им помогне на сите гости со позитивен тест „со пристап до приватен превоз и сместување за да го завршат нивниот период на изолација“, рече таа. Бродот наскоро ќе замине за Мелбурн.

    Бројот на болни од ковид се зголемува низ Австралија, само во Нов Јужен Велс за една недела има 19.800 нови случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира